Поврзи се

Фудбал

Јонгхонг Ли: „Купувањето на Милан беше во согласност на сите закони“

Кинескиот бизнисмен и сопственик на АС Милан, Јонгхонг Ли, даде објаснување околу гласините дека продажбата на Милан е чиста случка на перење на пари .

Написите кои беа објавени во претходните неколку денови низ италијанските медиуми, најпрво во Ла Стампа и Ил Секоло ЏИЏ, а потоа и низ останатите медиуми, а во врска со наводна истрага за перење на пари од страна на групацијата Фининвест (кои подоцна беа негирани од канцеларијата на јавниот обвинител), ме принудија да ја разјаснам ситуацијата, како една од инволвираните страни. Процесот на купување на Милан беше спроведен со целосна транспарентност и комплетно во согласност со постоечката регулатива, со поддршка и советување од меѓународни финансиски и правни консултанти. Сите процедури беа изведени согласно законите и позитивните практики кои се во сила. Сите финансиски институции, спортски организации и надлежни институции вклучени во процесот ја добија целата потребна документација, со цел оценување и одобрување на продажбата, но и детали за компанијата која е нов сопственик на клубот.

Јонгхонг Ли потоа додаде дека имиџот на Милан е зацрнет со што ќе превземе правни активности да се заштити клубот.

Тоа што го прочитав изминатите неколку денови, навистина не ја отсликува реалноста. Затоа, компанијата со која јас претседавам, но и јас лично, како оштетени страни на оваа несреќна и неприфатлива медиумска кампања базирана на шпекулации и неточни информации, ќе ги разгледаме сите опции и доколку најдеме за сходно, ќе преземеме правни активности во насока на заштита на имиџот, репутацијата и финансиската стабилност на Милан и компанијата позади клубот, стои во официјалното соопштение на калчо гигантот.

АНКЕТА

Што очекувате од Македонија на ЕП во Хрватска?

Види резултати

Loading ... Loading ...
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close