Поврзи се

Ракомет

Циндриќ: Македонските навивачи покажуваат како треба да се навива

На вечерашниот дуел Хрватска – Белорусија домаќинот победи со 25:23, а клучниот гол за победа под пасивен напад го постигна „вардарецот“ Лука Циндриќ, кој дуелот гоза врши со 4 голови.

За настапите на Македонија на овој шампионат тој изјави:

– Ги следев сите натпревари на телевизија и Македонија е навистина изненадување. Им честитам на играчите и на Раул. Покажаа голема борбеност и сосема заслужено се таму. Треба да бидат среќни со првото место. Македонија одигра одличен натпревар со Германија, имаат одлични шанси и со Шпанија и со Данска. Имаат одлична игра и ширина, а тука се и Кузмановски и Талески. Како и секогаш македонските навивачи ги има во голем број и навистина е убаво да се видат полни трибини. Тоа покажува дека Македонија е ракометна земја. Воедно покажаа како е да се навива за својата татковина, со таква публика и на играчите им е полесно да играат со „ветар во грб“.

АНКЕТА

Што очекувате од Македонија на ЕП во Хрватска?

Види резултати

Loading ... Loading ...
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close