Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Во ПСЖ имав проблеми со сопственикот

Тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти се врати во изјава за германските медиуми се осврна на времето кога беше предводник на Пари Сен Жермен. Тој кажа дека многумина во клубот инсистирале да остане, но поради проблеми со сопственикот одлучил да си замине.

– Не бев коректен кон ПСЖ. Клубот инсистираше да ме задржи. Имавме проблеми. Тоа беше тежок момент во мојот однос со Насер Ал Келаифи, изјави италијанскиот стручњак.

Анчелоти додаде дека сега има коректна релација со катарскиот шеик кој е претседател и сопственик на ПСЖ.

Во богатата тренерска кариера Италијанецот предводел големи европски екипи како што се Јуветус, Милан, Челзи, Реал Мадирд и сега Баерн, а на клупата на ПСЖ беше од 2011 до 2013 година.