Поврзи се

Тајмаут

Да ги бодриме националните селекции на Македонија!

Македонскиот фудбал во 2017 година ги бележи најдобрите резултати во својата историја. Да ја завршиме победнички годината!

Македонија до 19 години е на чекор од Елитна УЕФА фаза за пласман на Европско првенство. Со големиот триумф против Швајцарија, нашата „златна генерација“ е многу близу до остварување на зацртаната цел и влез меѓу најдобрите младински тимови во Европа. Селекцијата создавана во изминатите четири години, предводена од Елиф Елмас, со Јани Атанасов, Дарко Чурлинов, Димитар Митровски, Кристијан Трапановски, Бојан Миовски, Трајановски, Тодоров, Феруковски и останатите „уметници“ на Вујадин Станојковиќ ветува нови големи резултати и блескава иднина не само во младинските селекции, туку и повеќе од здрава конкуренција за најдобриот македонски состав.

Македонија до 17 години веќе обезбеди пласман во Елитната фаза за пласман на Европско првенство. По повеќе од една деценија влеговме меѓу најдобрите, а младите фудбалери и во квалификациите за ЕП жестоко ќе гризаат да се докажат и пред Станиќ и пред Милевски, тренерите, пред навивачите. Се што бараа е – шанса и услови. Вистинско уживање е да се види квалификациски турнир кои го одбележуваат играчи кои се викаат Андов, Трпчевски, Секулов, Тасевски, Тошевски…деца од домашните инкубатори, нови ѕвезди на македонскиот фудбал.

Успехот на Македонија до 17 и Македонија до 19 години е само надополнување на најголемиот резултат во нашата фудбалска историја, а тоа секако е пласманот на Македонија до 21 година на Европското првенство во Полска.

ПОБЕДНИЧКИ да ја завршиме најдобрата година во македонскиот фудбал!

А репрезентацијата на Македонија годинава има само еден пораз, од поранешниот Светски и Европски првак Шпанија. Репрезентацијата на Игор Ангеловски во Торино против Италија го запиша еден од најдобрите резултати во својата историја, славеше на гости против Израел, победивме против Лихтенштајн, против Белорусија, одигравме нерешено со Албанија и Турција.

Ако еден Горан Пандев вели „ После химната, нема замор. Сите ние чувствуваме посебна енергија кога играме за репрезентацијата“, тогаш знаете дека и во најдобриот тим работите се поставени на вистински начин.

Натпреварите на репрезентацијата на Македонија се одлични, играта прекрасна, да им дадеме поддршка.

Бодри ја Македонија!

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close