Connect with us

Кошарка

Џејсон Кид: Вестбрук е како Тајсон во кошарка

Тренерот на Милвоки, Џејсон Кид го спореди кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук со легендарниот боксер.

Тој е како Мајк Тајсон во кошарка. Кога топката ќе падне во неговите раце, Вестбрук тргнува кон кошот, како што Тајсон излегува од својот агол во рингот, вели Кид.

Се слуша сигнал и Расел брза кон тебе. Тој никогаш не забавува. Најдобар во кошарката. Те напаѓа и во напад и во одбрана, нагласува предводникот на Милвоки.

Ноќеска Милвоки на домашен терен загуби од Оклахома со 110:91. Вестбрук за 26 минути поминати на теренот, постигна 12 поени надополнети со 10 скока и девет асистенции.