Поврзи се

Ракомет

Дибирова: „Подготвени сме за дуелот со Будуќност, очекувам агресивен дуел цели 60 минути“

Вардарки имаат серија од осум натпревари без пораз во ЛШ сезонава, и веќе обезбедија пласман во четврт-финалето иако има да се одиграат уште четири натпревари од главната фаза.

Балканското ракометно дерби во женска конкуренција во лигата на шампионите се игра викендов во Скопје, гостува тимот на Будуќност, поранешен двократен европски првак.

„Ни претстои дуел против познат ривал. Будуќност е екипа која што е далеку помлада од претходните години. Сигурно нема да биде лесно. Се работи за тим во кој настапуваат ракометарки кои имаат одлични бекови со шут од далечина. Покрај тоа ова е тим во кој има и одлични голмани. Будуќност секогаш игра агресивна одбрана, но ние сме подготвени на сето ова. Едноставно мораме во текот на сите 60 минути да одиграме концентрирано и да бидеме на нивото од претходните дуели за да стигнеме до нови бодови, вели Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close