Connect with us

Ракомет

ФОТО: Овој македонски навивач ги привлече погледите во загрепската „Арена“

Иако македонските навивачи беа помалубројни во „Арена“ во Загреб во однос на Словенците, каде што Македонија ја совлада Словенија си 25:24, сепак беа погласни и ечеше „Македонија, Македонија“.

Македонската фаланга и овој пат го покажа сиот свој сјај и со фантастично навивање ги предводеше нашите ракометари во големата победа, со која широко се отворија вратите за добар пласман на Македонија во групата.

Од македонските навивачи, кои беа околу 2.000 во загрепската Арена, посебно внимание привлече овој навивач, чии фотографии ги објавија словенечките медиуми.

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров триумфот над Словенија (25-24) го посвети токму на навивачите кои им дадоа голема поддршка на „црвено-жолтите“ во „Арена Загреб“.

Тој со седум голови беше втор стрелец во нашиот тим, зад Дејан Манасков кој постигна осум голови, но капитенот имаше извонредни асистенции во неколку битни моменти.