Connect with us

Ракомет

ГАЛЕРИЈА: Навивачите покажаа како се бодри Хрватска: „Нозете ми се отсекоа“

Навивачи на натпреварот Хрватска - Србија (Фото: С.М)

Навивачи од цела Хрватска до последно место ја на полнија трибината, а судејќи по транспарентите многу мал број ги имаше од Босна и Херцеговина.

Сјајно беше синоќа на Спаладиум Арената каде што ракометарите на Хрватска ја совладаа Србија на отворањето на Европското првенство (32:22).

Арената до последно место беше исполнета од Хрвати, а имаше и транспаренти од Трогир, но ниту еден од Сплит.

Навивачите направија феноменална атмосфера и од прва до последна минута ги бодреја ракометарите на Хрватска.

-„Не е лесно да се игра на вака атмосфера. Во првите 15. минути ми се отсекоа нозете“, – рече еден од ракометарите на Хрватска

Навивачите од Хрватска го положија тестот, вечерва на тест се нашите навивачи кои веќе се пристигнати во Загреб. Натпреварот Македонија – Словенија е закажан за 19:30.