Поврзи се

Ракомет

Гонзалес: Победивме со висока разлика, а требаше со 3-4

Вардар ја постигна 13. победа по ред во СЕХА Газпром лигата со триумф 42-32 над Динамо Панчево. „Црвено-црните” остануваат лидери на табелата со максимални 21 бод, а Динамо е последен.

Нашите момци имаа проблеми особено во првиот дел од средбата, бидејќи гостите играа без притисок. Вардар сепак е поквалитетен тим, и тоа дојде до израз.

Сакам да им честитам на нашите денешни ривали, зашто Динамо играше добро. Ние имавме многу проблеми, во првото полувреме и не игравме добро. Не се чувствуваме добро, и кога игравме 5-1 одбрана со Кањељас напред. Немавме голема разлика, а Динамо играше добро. Во второто полувреме малку подобро игравме. Динамо до крај беа малку уморни и ние ја искористивме шансата. До крај требаше да биде 3-4 гола разлика, а не вака високо, Раул Гонзалес – тренер на Вардар

Беше донамичен меч и интересен за гледање. Публиката можеше да гледа квалитетен меч, Ние треба да се свртиме на следниот меч со Рајн Некар. Драго ми е што Србија има ваков клуб како Динамо каде постои систем, Јања Војводиќ – играч на Вардар

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close