Поврзи се

Фудбал

Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?

Игрите околу цената која ќе ја плаќа ФК Вардар за користење на Арената Филип Втори продолжуваат. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор најавуваше дека ќе го повлече новиот ценовник за користење Градскиот стадион, но ветувањето за повлекување на ценовникот на директорот на АДСДП Кристијан Трајковски сепак не се исполни.

Со новиот ценовник Вардар ќе плаќа скандалозни 3.000 евра по натпревар од Првата лига, додека за ноќен натпревар цената ќе биде 6.000 евра. ФК Вардар ќе биде казнет и за својот историски успех и ќе плаќа рекордни 40.000 евра од натпревар во Лигата на Европа според спортскиот портал Спорт Медиа.

Агенцијата за млади и спорт и директорот Дарко Каевски исто така ветија намалување на цените во ценовникот, но цените останаа исти. Високите цени кои Вардар ќе ги плаќа за одигран натпревар на Градскиот стадион ќе го оштетат буџетот на фудбалскиот клуб кој нема да може да инвестира во понатамошен развој на клубот и можни трансфери на играчи во зимскиот трансфер период.

Сепак нај погодени од овој ценовник ќе бидат верните фанови на Вардар и навивачката група Комити кои паралелно со играчи го оставаат срцето на теренот. Фановите на Вардар и Комитите доколку сакаат да го следат клубот ќе мораат да плаќаат астрономски цени на билетите. Да се потсетиме на бараж натпреварот во Скопје од Лигата на Европа во кој Вардар и Фенербахче си ги одмерија силите. Токму за прв пат на овој натпревар новиот ценовник за користење на Градскиот стадион влијаеше на цените на билетите. На овој натпревар најевтиниот билет изнесуваше 2.000 денари додека најскапиот чинеше 3.000 денари. Ова целосно ја разбранува македонската фудбалска јавност и доколку раководството на Вардар не одлучи да работи со загуба на овој меч ќе се случеше целосен бојкот од навивачите.

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close