Поврзи се

Фудбал

Конте: Победите се најдобар одговор на шпекулациите

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, беше исклучително задоволен по победата (3:0) над Вест Бромвич Албион синоќа во 27. круг на Премиер Лигата. Челзи беше во серија од два последователни порази од ривалите како Борнемут и Ватфорд, по што се зголемија шпекулациите за отпуштањето на италијанскиот стратег.

– Навикнат сум на секакви шпекулации. Моите играчи знаат што треба да направат. Постои особено ефикасен начин за борба против гласините, а тоа се победите на теренот и демонстрацијата на добар фудбал. Но, дури и тоа понекогаш не помага. Што се однесува до натпреварот, почнавме добро, но направивме грешки, а ВБА можеше да постигне гол. Откако го отворивме резултатот, доминиравме и го контролиравме текот на натпреварот, истакна Конте.

Италијанецот смета дека победата беше важна за да се врати самодовербата на тимот по последните лоши резултати.

Челзи е актуелен шампион на Англија, но оваа сезона по 27 рунди заостанува огромни 19 бода зад лидерот Манчестер Сити.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close