Поврзи се

Кошарка

Лазовски: „Максимално сме мотивирани, поддршка од публиката дополнително ќе не инспирира“

Во текот на наредните пет дена VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домот на кошаркарската репрезентација во женска сениорска конкуренција. Сениорките ќе се подготвуваат за натпреварите од вториот прозорец во рамки на евроквалификациите. Првиот натпревар го играме на домашен терен, в сабота (10. февруари) со почеток во 20:45 додека вториот ќе го одиграме на гостински терен, на 14. февруари против Италија.

Пред се сакам да им се заблагодарам на девојките кои се одзваа на повикот. Мораме да го искористиме овој прозорец за да го направиме она што ние како репрезентација и треба да го направиме. Мораме да се подготвиме добро и да покажеме добри игри. Играме првпат со Хрватска, репрезентација што по мене одигра променливо во првите два натпревара – дома загубија од Шведска, а на гости ја добија Италија. Се работи за сериозна репрезентација на која мора да и обрнеме внимание и да и наметнеме игра која ќе ни донесе победа овде в Скопје. Се надевам дека по она што го гледам, девојките се максимално мотивирани. Тоа ми дава дополнителна енергија, а верувам и на нив за да се покажат во што подобро светло на терен. Натпреварот в сабота ќе покаже дали сме способни да победиме. Полни трибини значат многу за нас. не верувам дека ќе се исполни арената до последното место, но верувам дека што поголема посетеност ќе ги инспирира дополнително девојките за да го остават срцето на терен. Ни недостасуваат играчи, но тука ни се Ешли Парис со која сме засилени во рекетот, тука е и Едина Муса, а утре ќе ни се приклучи и Ана Тантуровска. Ростерот ќе ни биде проширен и со тоа ќе пружиме поголем отпор на противниците. – се мислите на селекторот Марјан Лазовски.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close