Connect with us

Ракомет

Лино Червар останува селектор на Хрватска

Лино Червар останува селектор на хрватската ракометна репрезентација и покрај слабите резултати на Европското првенство.

Управниот одбор на Хрватската ракометна федерација го прифати неговиот извештај за ЕП и донесе одлука тој и натаму да ја извршува функцијата.

Претходно Червар најави дека најверојатно ќе се повлече од функцијата, откако не ги исполни очекувањата на јавноста, а Хрватска остана без медал и го освои петтото место.

Најверојатно оваа одлука ќе се одрази и на иднината на Червар во Металург, кој иако официјално се уште не е заминат од македонскиот клуб, сепак Александар Јовиќ веќе со месеци е прв тренер на тимот.