Поврзи се

Фудбал

Мурињо: „Сите знаеме за потенцијалот и квалитетот на Шо, заслужува нов договор“

Кариерата на Лук Шо подолг период е под знак прашалник, но, тренерот на „Црвените Ѓаволи“ истакна дека му се допаѓа фактот што Шо многу повеќе се труди на тренинзите и поради тоа ќе добие продолжување на договорот.

„Го познавам Шо откако пристигна во Премиер лигата со Саутемптон и знам каков е неговиот потенцијал и квалитет. За мене не се важни само настапите на натпреварите, туку и работата на тренинзите. А Шо дава голем придонес. Тој нема проблеми со повредите во изминатите неколку месеци и многу сум среќен поради тоа. Нормална работа е тоа што ќе добие нов договор и во следните години ќе биде член на Манчестер Јунајтед“, изјави Жозе Мурињо.

Лук Шо пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014-та година од редовите на Саутемптон за 37 милиони евра, но од тогаш имаше големи проблеми со повредите и не успеа да го покаже целиот свој потенцијал.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close