Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје-Мега Бемакс го заокружуваат 18.коло од АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе му гостуваат на тимот на Мега Бемакс (20 часот) во Сремска Митровица и тоа во последниот меч од 18. коло од АБА-лигата.

Сино-белите и во овој дуел ќе настапат ослабени и тоа без повредените Дарко Соколов и Марко Симоновски, но тоа дефинитивно не ја намалува желбата на сите во таборот на аеродромци за добра игра и обид да се совлада незгодниот противник. Поразот во првиот дел од сезоната на домашен терен воедно ќе биде мотив плус за избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ да пробаат да триумфираат во Сремска Митровица.

Овие две екипи досега одиграа девет натпревари во регионалното натпреварување во кои досегашниот меѓусебен скор е 6-3 во корист на Мега Бемакс. Судии на средбата ќе бидат Марио Мајкиќ (Словенија), Денис Хаџиќ (Хрватска) и Владан Шундиќ (Црна Гора).