Поврзи се

Кошарка

Наумоски останува уште две години на чело на МКФ

Петар Наумоски останува претстедател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Поранешниот кошаркар „преживеа“ откако на денешниот вонреден конгрес доби 16 гласа „за“, додека неговиот противкандидат, Владо Илиевски, доби 14 гласа.

МКФ донесе и ново правило, за клубовите да не смеат да бараат Вонредно собрание за гласање на доверба кога тие сакаат, туку тоа ќе оди на секои две години.

– На овој начин раководството би било ослободено од притисоци, за да може да си ја врши својата работа. Ова се однесува за мене, но и за сите идни претседатели и раководства на МКФ, изјави Наумоски.

Наумовски се заблагодари и на Владата за дадената поддршка.

– Без двосмисленост, тие се изјаснија дека спортот треба да биде поддржуван од сите ако сакаме да имаме професионализам во спортот и успеси, дополни легендата на македонската кошарка.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close