Поврзи се

Други спортови

Пливање: Македонија со четворица претставници на ЕП во Копенхаген

Настапи во рамки на нивните најдобри резултати. Со вакви очекувања Македонија ги испраќа своите четири претставници на претстојното Европско првенство во кратко пливање што од 13 до 17 декември ќе се одржи во Копенхаген.

Репрезентацијата во данската претстолнина ја сочинуваат Љупчо Ангеловски (50 метри делфин и 50 метри слободно), Давор Петровски (100 и 200 метри делфин), Ана Јаневска (50 и 100 метри делфин и 50 и 100 метри слободно) и Миа Крстевска (50, 100 и 200 метри делфин).

„Се надеваме дека ова е почеток на една светла иднина на пливањето. Убеден сум дека овие четворица пливачи ќе испливаат свои најдобри резултати. И се надевам дека во најкус можен рок ќе го вратиме професионализмот во пливањето“, изјави претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко.

Четворицата пливачи во Копенхаген ќе бидат придружувани од двајца тренери. Репрезентативците за Данска ги испрати и директорот на Агенцијата за спорт и млади, Дарко Каевски, кој изрази уверување дека Ангеловски, Петровски, Јаневска и Крстевска достојно ќе ја претставата државата и се надева во нов почеток на една убава спортска приказна.

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close