Поврзи се

Ракомет

Раул Гонзалез: Натпреварите против Металург секогаш се интересни

Вардар и Металург во сабота во „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот ќе имаат меѓусебна пресметка во натпревар од СЕХА лигата.

„Ова е дерби со Металург. Мислам дека ќе биде добар меч, зашто секогаш меѓу овие две екипи има добар натпревар. Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па ќе го чекаме последниот тренинг. Очекувам интензивен меч како и секогаш. Очекувам публиката да биде во сала. Ние сме фаворит, но треба и така да се однесуваме“,вели Раул Гонзалез.

Натпреварот има и хуманитарен карактер, приходот од продажбата на билетите кои чинат 50 денари, ќе биде наменет за операција на Борче Јовановски кој мора итно да направи трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Капитенот Стојанче Стоилов верува дека навивачите нема да бидат разочарани.

„Градско дерби и меч со посебен карактер. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога, и нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен караткет. Се надевам дека ќе дојдам повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски“, вели Стоилов.

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close