Поврзи се

Тајмаут

Репрезентативниот стопер Висар Муслиу полни 23 години

Денеска во тимот на Вардар се прославува уште еден роденден. Репрезентативниот стопер Висар Муслиу полни 23 години.

Висар Муслиу е роден на денешен ден 1994 година во Гостивар. Станува дел од Вардар во летниот преоден рок оваа година откако дојде од тимот на Ренова. Претходно Муслиу настапуваше во Гостивар, а беше дел и од швајцарскиот тим Сент Гален.

ФК Вардар на Муслиу му посакува среќен роденден, и воедно му посакува многу среќни моменти, здравје и успешни настапи во дресот на „црвено-црните“, како и освојување на многу пехари.

Среќен роденден Висар!

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close