Поврзи се

Фудбал

Роналдо побара безрезервна поддршка од навивачите

Најголемата ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо побара од навивачите безусловна поддршка кон него и неговите соиграчи за време на вечерашниот важен дуел (почеток 20:45 часот) со Пари Сен Жермен.

Средбите од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против францускиот гигант се едни од најважните за тимот во сезоната, откако Реал одамна ги загуби шансите за трофејот во домашното првенство, а елиминиран е и од купот.

– Не очекува многу важен натпревар против одличен тим. Она за што јас и моите соиграчи ве молиме, е да ни ја дадете вашата безусловна поддршка, како и секогаш. Заедно ќе бидеме многу посилни, апелира Роналдо.

Обраќањето на Кристијано Роналдо доаѓа само неколку дена откако тој изрази разочарување од навивачите поради тоа што дел од нив го исвиркаа Карим Бензема за време на победата од 5:2 над Реал Сосиедад.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close