Поврзи се

Ракомет

Скопје останува неосвоива тврдина, убедлива победа на ЖРК Вардар против Будуќност

ЖРК Вардар ја остварија и деветтата победа во исто толку одиграни натпревари во Лигата на шампионките.

Вардарки попладнево во Јане Сандански го совладаа црногорскиот тим Будуќност со 31-24.

Целата работа црвено-црните ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 19-8, па второто полувреме беше само чиста рутина.

Андреа Пенезиќ со 9 постигнати гола беше најефикасна во редовите на македонскиот шампион, но и на натпреварот, додека Кузњецова и Цвијиќ постигнаа по 4 гола, а глманката Амандин Лејно средбата ја заврши со 15 одбрани.

Вардарки се убедливо први во групата со 16 бодови, пред тимот на Мец (8), кој е следниот противник на вардарки во мечот закажан за 25 февруари во Франција.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close