Поврзи се

Други спортови

Тенис: Серена Вилијамс ќе ја брани титулата на Австралија опен

Серена Вилијамс и официјално ќе настапи на Австралија опен. Американската тенисерка уште пред породувањето во септември најави дека планира враќање на терените во првиот месец од 2018 година, а организаторите на првиот гренслем во сезоната сега потврдија дека таа се наоѓа на листата на учеснички на турнирот во Мелбурн.

„Побара виза и ја доби. Пријавена е за настап, тренира и не знам што може да ја спречи во плановите освен што ќе мора да најде повеќе време за подготовки“, изјави Грег Тили, директор на Австралија опен.
Поранешната број еден светска тенисерка учествуваше на Австралија опен и во 2017 година иако подоцна откри дека за време на настапите била во блажена состојба. Притоа успеа да стигне до 23 гренслем трофеј, нејзин седми во Мелбурн парк што во наредниот месец ќе има прилика и да го брани.

„Сигурен сум дека нема дилеми дали ќе биде подготвена за турнирот. Покрај тоа силно посакува и урување на рекордот по бројот на освоени гренслем титули што е сопстевност на Маргарет Корт. Тоа ќе биде нова пресвртница во нејзината кариера“, додаде Тили.
Наградниот фонд за претстојното издание на турнирот во Мелбурн е зголемен за десет отсто во однос на 2017 година и изнесува 55 милиони австралиски долари. За победниците во машка и во женска конкуренција се предвидени по четири милиони или околу 2,57 милиони евра.

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close