Поврзи се

Ракомет

Утре ќе се обезбедат средства за плати во РК Пелистер

На 3. седница на Советот на Општина Битола утре под реден број 5, советниците ќе расправаат за измени и дополнувања на Буџетот на Општин Битола за 2017 година. Со ребалансот на буџетот треба да се обезбедат и неколкуте неисплатени плати во ракометниот и кошаркарскиот клуб „Пелистер.

Специјализираниот портал за ракомет, 24ракомет пишува дека РК Пелистер ќе добие нов управен одбор и нов тренер. Според неофицијални информации на порталот, нов тренер на РК Пелистер ќе биде Борче Марковски.

Моментално РК Пелистер работи по „палка“ на Стефче Алушовски кој го замени Касим Каменица кој клубот го напушти во текот на сезоната.

Според извори на 24ракомет веќе било дефинирано кој треба да влезе во новата управа, и меѓу нив има повторно спортски работници, па дури и судии. Се работи и на евентуална фузија на двата клуба, Пелистер и Еурофарм Работник. Во саботата на прошталниот меч на Бранислав Ангеловски, се појави комбинирана екипа од играчи на Пелистер и Еурофарм Работник кои играа против „другарите на Ангеловски“. Тоа се протолкува и како почеток на затоплување на односите на двете екипи, чии меѓусебни односи и не се баш на некоe ниво во моментов.

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close