Connect with us

Фудбал

Вардарци се подготвуваат за пријателскиот дуел со Пахтакор во сабота

Екипата на Вардар вториот тренинг го комплетираа во Анталија пред пријателскиот натпревар против екипата од Узбекистан, Пахтакор.

Во денешниот ден главен акцент беше ставен на тактичката подготовка на екипата. И на првиот и на вториот тренинг екипата воигруваше тактички варијанти кои што ќе треба да ги примени низ овие контролни натпревари кои што ќе се играат на подготовките во Турција.