Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Дожд од голови под Тумбе Кафе – Пелистер потопен

Многу дожд и дожд од голови, вака на кратко може да се опише натпреварот кој попладнево се одигра на стадионот под Туме Кафе.

Ниту дождот не ги спречи вистинските вљубеници на фудбало да присуствуваат на одличен натпревар со многу голови. За жал овој пат навивачите на Пелистер не се радуваа, бијдеќи Академија Пандев успеа дури четири пати да ја затресе мрежата на пртивникот 3-4 (1-2).

Натпреварот започна одлично и оптимистички за домаќините кои 20 секунди по почеоткот ја имаа и првата шанса за постигнување на гол со глава, но Вујанац одбрани.

Во 6. минута по заслуга на Тошевски, Трифуновски го отвори натпреварот постигнувајќи гол со глава.

По 18 минути игра, екипата на Академија пандев успеа да израмни со голот на Вареловски.

По корнерот на Грифони во 33. минута, гостите постигнуваат уште еден гол. Овој пат стрелец е Зоран Балдовалиев, кој постигнува гол и во 48. минута.

Пет минути по голот на Балдовалиев, Ѓорѓи Стоилов постигнува гол, гол со кој ги им донесе вистински шок како на играчите така и на присутните на трибините.

Во речиси последните минути од натпреварот Мартин Ковачев преку белата точка успеа да го ублажи резултатот на 2-4.

Академија Пандев и во првиот меѓусебен натпревар го совлада Пелистер, тогаш во Струмица со резултат од 2-0. Во следното коло, нашиот тим в понеделник го очекува Работнички.