Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Лејкерс со пресврт до триумф над Чикаго

Во дуелот на поранешните НБА шампиони одигран синоќа во „Стејплс Центар“ домаќинот ЛА Лејкерс го победи Чикаго Булс со 103:94.

Гостите на полувреме водеа со 14 поени предност (56:42), но во второто полувреме друга слика на теренот. Лејкерс постигна вкупно 61 поен доволно за целосен пресврт.

За тимот од Лос Анџелес ова беше осма победа во сезоната, заедно со десет порази. Чикаго веќе го запиша 12. пораз и остана на само три победи.

Најефикасен во домашниот состав беше Кајл Кузма со 22 поени, кај Чикаго Дензел Валентин постигна 17 поени.