Поврзи се

Кошарка

ВИДЕО: Новицки рекордната 50.000 минута во НБА ја одигра со погрешно напишано име на неговиот дрес

На синоќешниот меч одигран во Лос Анџелес во кој Далас загуби од Клиперски со 104-101 Германецот ја мина границата од 50.000 одиграни минути.

Со тоа Новицки стана само шестиот играч во историјата на НБА лигата кој ја минал таа граница.

Иако Германецот веќе дваесет сезони го носи истиот дрес на Далас сепак, несфатливо беше погрешно напишано неговото презиме.

Но тоа не му сметаше на Новицки да влезе во одбраното друштвото на легенди како Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Кевин Гарнет, Џејсон Кид и Елвин Хејс.

Тој е единствениот Европеец кој го има понесено и признанието за МВП односно најкорисен играч во најсилната светска кошаркарска лига.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close