Поврзи се

Тајмаут

Во Скопје ќе се одржи првиот официјален фудбалски камп на Реал Мадрид

Под покровителство на „Real Madrid Foundation Campus Experience“, ова лето во Скопје ќе се одржи првиот официјален фудбалски камп на европскиот шампион.

Македонската компанијата „Спорт Арена“ потпиша договор во Мадрид како ексклузивен лиценциран партнер на „Real Madrid Foundation Campus Experience “ за организирање на фудбалски камп за деца од 7 до 17 години во Македонија. Кампот ќе се одржи во јуни во Скопје.

– Горди сме што успеавме да добиеме можност да станеме лиценцирани партнери на „ Real Madrid Foundation Campus Experience“ и да го организираме првиот фудбалски камп на „белите“ во Македонија. Ова пред се одлична можност за фудбалските вљубеници во Македонија. Младите ќе имаат можност првпат, ексклузивно, да доживеат и искусат еден официјален камп на „Real Madrid Foundation“ со тренери од Шпанија, изјави Влатко Тодев, претставник на компанијата „Спорт Aрена“, која се здоби со престижниот сертификат за организирање на официјалниот фудбалскиот камп во Македонија.

Во наредниот период, како промотер на првиот камп на „ Real Madrid Foundation Campus Experience “, во нашата земја ќе допатува и Хоакин Сакес Блеса, извршниот директор, кој ќе го претстави на јавноста комплетниот проект што „белите“ ќе го донесат во Скопје.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close