Поврзи се

Фудбал

Зидан нема одбранбени играчи за против Севиља, три сузпензии и една повреда во задната линија

Во победата на Реал Мадрид над екипата на Борусија Дортмунд, Реал можеби повеќе загуби отколку што победи во тој меч. Натпреварот му зададе уште еден голем проблем на Зинедин Зидан кога е во прашање следниот важен натпревар во Примера, против Севилја.

„Кралевите“ како домаќини ќе го пречекаат тимот од Андалузија во дербито на 15-то коло во шпанската Примера, а на истиот Зинедин Зидан нема да може да смета на речиси половина тим, или поточно на дури четворица стандардни стартери.

Карвахал, Касемиро и Рамос ќе го пропушта мечот поради суспензии, додека на овие отсуства сега се придодаде и Рафаел Варан кој заработи повреда на мускулот за време на синоќешниот дуел со германскиот бундеслигаш.

Реклама
Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close