Поврзи се

Други спортови

ЗОИ 2018: Германецот Пајфер го освои спринтот во бијатлон

Германецот Арнд Пајфер го освои спринтот од 10 километри на турнирот во бијатлон на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Пајфер беше без грешка и во двете стрелања и ја помина трасата за 23:38,8 минути.

Така тој го донесе второто злато за Германија на турнирот во бијатлон, по вчерашната титула на Лаура Далмаер во спринтот кај жените.

Михал Крчмар од Чешка го освои среброто откако заостана 4,4 секунди (23:43.2) од победникот, додека претставникот на Италија, Доминик Виндич, заврши трет со +7.7 секунди (23:46.5) зад Пајфер.

Фаворитот за златото, Мартин Фуркард од Франција заврши осми на спринтот во Пјонгчанг.

loading...
loading...

ВИДЕО

loading...

ФОТО

loading...
Livescore.in
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close