Поврзи се

Ракомет

Веспрем попушти, Палмарсон е играч на Барселона

Дваесет и седум годишниот плејмејкер, на почетокот на сезоната преку СМС порака го извести тренерот Љубомир Врањеш дека повеќе нема да игра за Веспреме и притоа си остана дома во Исланд. Неговата цел беше уште од оваа сезона да и се приклучи на Барса и покрај тоа што имаше договор со Веспрем до 2018 година.

Но, Веспрем не дозволи Палмарсон да замине без обештетување, кое изнесуваше 1.000.000 евра. Барселона по неколкумесечно нагодување одлучи да му ја плати бараната сума на унгарскиот шампион и на тој начин уште оваа сезона да ги обезбеди услугите на талентираниот ракометар.

Но, мора да се напомене дека Палмарсон не се снајде најдобро ниту во Веспрем, ниту во Кил каде помина шест години од својата кариера.

Реклама

ВИДЕО

ФОТО

Реклама
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com