Фудбал
Академија Пандев испушти два бода против ФК Скопје
Академија Пандев денеска во рамките на 11. коло од ПМФЛ, не успеа да забележи триумф на гостувањето кај последниот тим на табелата во домашното првенство.
ФК Скопје се уште ја лови својата прва првенствена победа, а денеска одиграа реми против Академија Пандев со резултат 1:1.
Доколку Академија Пандев оствареше триумф, ќе напредуваше до 2. позиција на табелата поради првенствениот пораз на Вардар денеска од прилепска Победа, а вака останува со 18 бодови на 3. позиција, во -1 во однос на Вардар и цели 11 во однос на лидерот Шкендија.
ФК Скопје останува убедливо последен со 6 бодови во 11. натпревари.