Connect with us

Фудбал

Албанците ширум светот собираат пари за казната на фудбалерите на Швајцарија

ФИФА вчера ја соопшти одлуката дека Џердан Шаќири, Гранит Џака и Стефан Лихштајнер ќе бидат парично казнети поради покажување на албанскиот орел кога ги прославуваа головите против Србија.

Швајцарија ја совлада Србија со 2:1, со головите на Џака и Шаќири кои потоа ги прославија головите покажувајќи го албанскиот орел. Овој потег ги налути навивачите на Србија кои побараа жестоки казани и суспензии за фудбалерите на Швајцарија. Сепак, ФИФА одлучи овие тројца да ги казни само парично.

Џака и Шаќири ќе мораат да платат по 10.000 евра, а Лихштајнер 5.000 швајцарски франци поради покажување на албанскиот орел. Сепак, по се изгледа дека таа сума нема да излезе од џебот на играчите, затоа што во тоа се приклучија навивачите од Албанија.

Имено, Албанците од целиот свет покренаа петиција за собирање пари, односно износот од 25.000 франци затоа што сакаат тие да ја платат казната на репрезентативците на Швајцарија. Како што пишува швајцарскиот „Blick“ , навивачите од Албанија сакаат да покажат почитување спрема играчите на Швајцарија кои на специфичен начин ги прославија головите.