Connect with us

Фудбал

Ален Халиловиќ е новиот играч на Милан

Росонери денеска официјално го потврдија трансферот на 22-годишниот играч од средниот ред на Хамбургер.

Халиловиќ потпиша тригодишен договор со италијанскиот гигант од Сан Сиро и ќе го носи дресот до јуни 2021 година.

Како тинејџер, овој фудбалер беше еден од најголемите таленти на светот. Сепак, по напуштањето на Динамо и заминувањето во Барселона, не покажа многу.

Тој не играше на Камп Ноу, по што следеа сезоните во Спортинг Хихон, Лас Палмас и Хамбургер, кои исто така не беа премногу успешни.

Сепак, ова не му пречи на раководството на Милан да го донесе во своите редови.