Connect with us

Фудбал

Американски женски фудбалски клуб гостува во Македонија

Женската фудбалска екипа Престиж Сокер Трејнин од САД следните десетина дена ќе гостува во Македонија каде ќе одигра неколку пријателски натпревари со ЖФК Тиверија од Струмица, ЖФК Кочани и ФК Арис од Солун.

Натпреварите во сениорска конкуренција ќе се одиграат, на 24 мај со екипата на Арис, на 25 мај во Радовиш против екипата на ЖФК Тиверија, на 28 мај во Струмица против ЖФК Тиверија, а на 29 мај во Кочани против ЖФК Кочани.

Главна цел на овие средби е промоција на женскиот фудбал.

– Престиж е фудбалска академија која работи со над 600 деца и е во сопственост на Ненад Ѓоргиев по потекло од нашиот град Радовиш, кој живее и работи во САД од 2006 година. Нашиот добро познат Ненад има настапувано за ФК Плачковица и други клубови во Македонија, објави „Radovis News“.

Организатори на овие средби и натпревари се Општините Радовиш и Струмица, ФК Плачковица, ЖФК Тиверија и PST.