Connect with us

Фудбал

Аморим во голем стил се прости од Спортинг Лисабон, но следуваше шок, се уште не може во Манчестер Јунајтед

Младиот португалски стручњак Рубен Аморим во голем стил се прости од Спортинг Лисабон, по што ќе го започне ангажманот на клупата на Манчестер Јунајтед. Во последните четири години, колку и да звучи нереално, Аморим го претвори Спортинг Лисабон во доминантна сила.

Два пати беше шампион на Португалија, а тимот го презеде сред протести и катастрофална ситуација, а денес е недопирлив клуб во Португалија. Под водство на Аморим, Спортинг продолжи со нереални игри оваа сезона, па моментално има 11 победи во 11 натпревари во португалскиот шампионат.  Во ЛШ го сруши и големиот Манчестер Сити. Синоќа во голем стил се прости од Спортинг. Аморим за последен пат во овој ангажман го предводеше својот клуб на тешкото гостување кај Брага, но неговиот тим успеа да надомести негатива од 2:0 и да го добие дербито со резултат 4:2.

За работите да бидат поимпресивни, кога неговите потчинети и ѕвездите што ги создаде не успеаја, му помагаа резервисти. Така во игра ги внесе Конрад Хардер и Хидемаса Морита, кои донесоа пресврт со три од четирите постигнати гола. По натпреварот следуваше големо славје и збогување кое вечно ќе се памети. Тој се прости од клубот и сега патува за Манчестер каде ќе се обиде да направи нова сила во Европа од паднатите гиганти од Јунајтед.

Но, неговиот почеток не е како што планирал. Според договорот меѓу клубовите, тој денеска требаше да го започне ангажманот со Манчестер Јунајтед, но не доби работна дозвола. Како што утринава објави Телеграф, тој не може официјално да го започне ангажманот со Манчестер Јунајтед од денешниот планиран датум бидејќи неговата работна дозвола е задоцнета.