Connect with us

Фудбал

Анчелоти го бара Елиф Елмас тврди Скај Спорт Италија

Италијански Наполи наскоро ќе ги започне преговорите со Фенербахче за евентуален трансфер на Елиф Елмас, пренесува Скај Спорт Италија. Македонскиот репрезентативец е по мерка на Карло Анчелоти но трансфер сумата која ја бараат од Турција во моментов преставува проблем за Наполи.

За Елмас, од Фенербахче бараат 20 милиони евра иако оваа сума пред еден месец беше 15 милиони евра. Тотенхем, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид се на листата заинтересирани за Елмас што значи дека Наполи има сериозна конкуренција.

Доколку не успеат да го ангажираат Елмас, од Наполи ќе се насочат кон Ерик Пуљар од Болоња.

Извор: Дриблинг