Connect with us

Фудбал

Анчелоти го подготви трансфер списокот на Наполи

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти, брзо составил листа на потребни нови засилувања.

Тој веќе разговарал за ова прашање со претседателот Аурелио Де Лаурентис и бил уверен дека некои од назначените играчи ќе бидат привлечени.

Меѓу играчите споменати од еден од најдобрите тренери во светот, доминираат оние со кои тој веќе работел во неговите поранешни клубови.

Наполи сигурно ќе купи голман на местото на Хозе Реина, кој оди во Милан. Варијантите се Руи Патрицио, Алфонсо Ареола и Берн Лено.

За да ја засили одбраната, Анчелоти ќе се концентрира на Тома Мунир и Шиме Вршаљко, но приоритет во неговите планови е да се привлече Џером Боатенг, кој веќе објави дека сака да го напушти Баерн Минхен.

Очекуваната разделба со Марек Хамшик и Џорџињо значи дека Наполи ќе има речиси целосно нова линија во средниот ред. Во оваа област, Анчелоти гледа кон Артуро Видал, Ренато Санчез, Федерико Киеза, Симоне Верди и Сусо.

Големата цел е Карим Бензема, со кого искусниот експерт е во одлични односи од неговиот престој на чело на Реал Мадрид.