Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Личните услови се во втор план, подготвен сум да прифатам договор од ФФМ само да ја водам репрезентацијата

Published

on

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски кој ќе биде запишан во историјата како прв селектор кој ја однел Македонија на ЕП, во интервју за Макфудбал зборуваше за годината што измина. Секако, за него, за фудбалерите, но и за нас, пласманот на ЕП донесе радост во една година која беше многу тешка за сите, не само за Македонија, туку воопшто за целиот свет, а поради вирусот.

Во една таква година фудбалерите ни донесоа радост која ќе се прераскажува од следните генерации. Сега е крај на годината, кога се собираат впечатоците, но и се прават плановите. Тој има уште една година договор со ФФМ, а како што изјави пред некој дена првиот човек на федерацијата Мухамед Сејдини, само доколку не се најде заеднички јазик со Ангеловски, тогаш ќе се бара друг селектор.
На прашање на Макфудбал, Ангеловски на ова одговара:

„Му благодарам на претседателот Сејдини што ме смета за прв избор, мислам дека со постигнатите резултати го заслужив тоа. Сакам да ја информирам јавноста дека сум подготвен да ги прифатам сите понудени услови во форма на договор од страна на ФФМ и истиот да го потпишам. Деталите од договорот сум подготвен да се објават јавно на заедничка прес – конференција затоа што не сакам јавноста да добие погрешен впечаток дека од моја страна ќе бидат поставени некакви услови. Јас секогаш го ставам во преден план националниот интерес пред личниот, вели се уште актуелниот селектор на А – репрезентацијата.

Целото интервју на Ангеловски за Макфудбал на следниот ЛИНК.

Advertisement

Facebook