Connect with us

Фудбал

Аргентина на денешен ден три пати изведувала пенали

За Аргентина, натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Франција ќе биде четврти, што тимот го има на 30 јуни на фудбалските Мундијали. Претходно „гаучосите“ на овој датум играа во 1990, во 1998 и во 2006 година.

Интересно е да се спомене дека во сите претходни случаи победникот бил одреден по удари од белата точка. Во два случаи Аргентинците победија (Југославија-1990 и Англија-1998). Единствениот пораз беше на Светското првенство 2006, каде што Јужноамериканците загубија од домаќините на турнирот – германската репрезентација.

Натпреварот Франција – Аргентина ќе се одигра во Казањ со почеток во 16 часот.