Connect with us

Фудбал

„АС“: Со неприфаќањето милостина, Модриќ покажа дека е поголем отколку што мислевме

Вчера Лука Модриќ го претставуваше Реал на прес-конференцијата во Ливерпул, ден пред првиот осминафинален натпревар од ЛШ, а неговите зборови ден потоа се една од топ темите на шпанските медиуми. Мадридски Ас пишува: „Еве зошто џинот е уште поголем: Модриќ ја призна грешката и рече дека не сака милостина“.

Ова се однесува на коментарот на Модриќ за послабите игри по враќањето од СП и тоа што Реал се уште не и понудил на 37-годишната легенда продолжување на договорот кој му истекува за само четири месеци.

„Играм подобро по Светското првенство, кое остави трага на мене. Згрешив што почнав да играм за Реал веднаш по враќањето од Катар наместо да поминам низ посебна програма и потребното опоравување. Сепак, се чувствувам подобро и се враќам.

Што се однесува до продолжувањето на договорот, сакам да го заслужам тоа, а не да ми подаруваат затоа што јас сум легенда или Лука Модриќ. Никој никогаш ништо не ми дал. Не сакам да останам во Реал поради моите заслуги од минатото, но ако го имам квалитетот што му треба на клубот во иднина. Што и да се случи, Реал е клубот на мојот живот и тоа не може да се промени“, изјави Модриќ.