Connect with us

Фудбал

Асенсио го напушта Реал, еве каде ќе ја продолжи кариерата

Шпанскиот играч за врска Марко Асенсио ќе стане нов член на Пари Сен Жермен, пренесува „Атлетик“.

Марко Асенсио по кратки преговори откако им соопшти на раководството на клубот дека сака да го напушти Реал Мадрид, ќе потпише за „светците“ и со тоа ќе стави крај на шпекулациите.

Дури и беше контактиран од Астон Вила, но јасно е дека не можат целосно да ги исполнат неговите спортски и финансиски барања.

Асенсио ќе потпише договор со Пари Сен Жермен до 2027 година, ќе пристигне како слободен играч и ќе заработува 10.000.000 евра по сезона.

Оваа сезона Шпанецот одигра дури 50 натпревари во дресот на „кралскиот клуб“, постигнувајќи 12 гола. Тој има освоено вкупно 17 трофеи во Реал од неговото доаѓање во 2014 година.

Facebook