Connect with us

Фудбал

Атлетико ја пушта незадоволната ѕвезда во Премиер лигата

Бразилскиот напаѓач Матеус Куња (23) кариерата ќе ја продолжи во редовите на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс. Куња пристигна во Молине како позајмен од Атлетико Мадрид со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.

Младиот Бразилец последните 18 месеци ги мина под водство на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, а претходно играше за Сион, РБ Лајпциг и Херта Берлин. За бразилската репрезентација дебитираше во септември 2021 година и досега има осум настапи.

Во дресот на Селесао освои злато на Олимписките игри во Токио, но не беше меѓу учесниците на Светското првенство во Катар.

„Верувам во овој проект. Возбуден сум што ќе играм во Премиер лигата, среќен сум како дете“, изјави тој за клупската веб-страница.

Вулверхемптон моментално е на дното на Премиершип со 10 бода, четири надвор од безбедната зона.

„Ситуацијата во која дојдов не е најдобра. Но, јас верувам во клубот, верувам во тренерот и овој менталитет“, додаде тој.