Connect with us

Тајмаут

Атлетико Мадрид го откажа настапот на популарната пејачка откако дозна што кажала пред мечот со Реал Мадрид кој се игра в недела (ФОТО)

Атлетико Мадрид го откажа настапот на популарната мексиканска пејачка и актерка Дана Паола на полувремето од дербито против Реал, а сето тоа поради информациите кои се појавија. Причината е што таа откри дека навива за Реал Мадрид и предвиде победа на кралевите од 2:1.

Ова не им се допаднало на „Јорганџиите“, па се решија на несекојдневен потег, но кој сигурно ќе предизвика лавина позитивни реакции кај навивачите со оглед на големото ривалство со Реал.

Атлетико Мадрид моментално е третопласирана на табелата со 15 бодови, додека Реал е на втората позиција со 17. Лидерот Барселона по седум одиграни кола има максимален учинок со 21 бод. Мадридското дерби е закажано за в недела на стадионот „Ванда Метрополитано“ со почеток во 21 часот.