Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид се вклучува во битката за Батшуаи

Белгискиот напаѓач Миши Батшуаи е во видното поле на носителот на трофејот во Лига Европа, Атлетико Мадрид, соопштува француското издание „Екип“.

Од Челзи не сакаат да го продаваат Батшуаи и преферираат да го даде на заем за една година, а друг шпански клуб – Валенсија го сака фудбалерот на изнајмување со опција за купување.

Интерес кон Батшуаи има и од Борусија Дортмунд, каде 24-годишниот Белгиец ја помина втората половина на минатата сезона.

Челзи плати 33 милиони фунти на Олимпик Марсеј за Батшуаи во летото 2016 година, но фудбалерот засега не ги оправдува очекувањата. Тој има вкупно седум гола за сезона и половина во англиската Премиер лига, но покажа добра форма на „Сигнал Идуна Парк“, каде реализираше седум погодоци во 10 средби во Бундес лигата.