Connect with us

Кошарка

Авионот на ЛА Клиперс го удри гром, моторите запреа, ударот остави голема трага

ЛА Kлиперс загуби на гостувањето во Денвер против Нагетс со 134:124 по продолжението, најмногу благодарение на уште една феноменална партија на Никола Јокиќ, кој постигна 40 поени со 17 скока и 10 асистенции, но уште пред натпреварот гостите беа малку потресени од непријатното искуство на патот.

По петочниот пораз на домашен терен од Сакраменто во вториот натпревар со најголем број поени во историјата на НБА, Клиперси имаа патување до Денвер, каде што се упатија за време на невремето. ЛА Тајмс пишува дека веднаш по полетувањето од аеродромот во Лос Анџелес, нивниот авион бил погоден од гром.

Моторите запреа, ударот остави трага на авионот. Тоа се случи помалку од една минута по полетувањето, а патниците и членовите на екипажот беа сведоци како моторите замолкнаа, пред да се рестартира и авионот да продолжи да се искачува кон небото. По слетувањето забележале голема трага на опашката, на местото на ударот, од која бојата била излупена.