Connect with us

Фудбал

Азар во Холандија, но тука е и Евертон?

Фудбалскиот клуб ПСВ Ајндховен е сериозно заинтересиран да го ангажира белгискиот напаѓач Торган Азар пред крајот на преодниот рок.

Времето истекува, а „Филипс“ сака да го надополни заминувањето на Коди Гакпо и Нони Мадуек, од кои заработија богатство. Трансферите со кои ќе ги пополнат дупките би можеле да бидат полн погодок, а притоа да чуваат пари во џебовите.

Торган Азар е голема желба. Неговата минутажа во Борусија Дортмунд не е задоволувачка, а тој е подготвен да си замине доколку клубовите се договорат за позајмица до крајот на сезоната. ПСВ притиска, пишуваат холандските медиуми, но во меѓувреме и Евертон е заинтересиран за услугите на помладиот брат на Еден, особено по заминувањето на Ентони Гордон во Њукасл.

Вредноста на Торган Азар се проценува помеѓу 10.000.000 и 15.000.000. Се чини дека тоа би било позајмица со опција за откуп на договорот во секој случај, но не би чудело доколку некој од клубовите веднаш плати обештетување за него.