Connect with us

Фудбал

Азард: Не сум доволно себичен за да ја освојам Златна топка

„Волшебникот“ на Челзи, Азард со години е еден од најдобрите играчи во светот. Сепак, се уште е далеку од недопирливата двојка Меси – Роналдо.

Сега белгискиот „виртуоз“ открил дека можеби го нема она што е потребно за да стане најдобар во светот и еден ден да ја „однесе дома“ престижната златна топка.

„Татко ми, кога бев помлад, ми кажуваше дека не сум доволно себични. Секогаш тоа ми го кажуваше, а можеби и тоа е вистина. Денес во фудбалот, ако сакате да освоите нешто големо како што е Златната топка или да биде најдобар стрелец, мора да бидете себични. Но, јас не сум таков. Јас сум едноставно тоа што сум“, рече Азард.

Неговиот Челзи имаше разочарувачка сезона и заврши само во петтото место, откако ја освои титулата на шампион на Англија минатата година. Сепак, Азард успеа да постигне 16 гола и 13 асистенции, во дресот на Челзи во сите натпреварувања.