Connect with us

Фудбал

Баер ја препишува историјата во Бундеслигата

Баер Леверкузен летечки стартува оваа сезона во Бундеслигата, каде има 16 бода по одиграни 6 натпревари. Тие им даваат на избраниците на Чаби Алонсо првото место во привремениот пласман на германскиот шампионат.

Во својата историја во Бундеслигата, „аспирините“ никогаш не започнале сезона толку силно – со 5 победи и 1 реми во првите 6 натпревари.

Интересно, изедначувањето дојде против шампионот Баерн, кој заостанува 2 бода и 2 позиции зад „аспирините“ на табелата, а меѓу двата тима во поредокот е уште една сензација – Штутгарт.