Connect with us

Фудбал

Баер се засили со голман од Ајнтрахт

Финскиот голман Лукаш Градецки е нов член на Баер, објави денеска бундеслигашот од Леверкузен.

Градецки има договор со Ајнтрахт до 30 јуни 2018 и тој ќе биде во можност да се приклучат на новиот клуб како слободен играч.

Договорот со Баер ќе важи до 30 јуни 2023 година.

Минатата сезона, 28-годишниот голман одигра 34 натпревари во Бундеслигата, примил 45 гола, а на седум натпревари остана несовладан.